Заев: Нема приближување за Законот за ЈО, но уште не е доцна за договор до 15 октомври

Од:

Досега немам информација дека има приближување, се надевам дека ќе се направи чекор на приближување, за мене се до 15 октомври не е доцна. Никогаш не е доцна за било што, што е добро за државата да се договориме, изјави премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање дали има некакво придвижување меѓу власта и опозцијата за Законот за ЈО.

Во однос на изнесениот став на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека е можен договор за Законот за ЈО до 15 октомври, Заев рече дека информацијата ја прочитал доцна синоќа, но дека засега нема ништо ново.

– Веројатно ќе ни соопштат дека има нешто. Покажавме голема флексибилност. Аванградност во делот на демократските исчекори како владејачка гарнитура направивме големи. Понудивме можност на предлог на опозицијата да дојде шеф на ново обвинителство за гонење на висока корупција. Ги дефиниравме начините како тоа да се избере, како да дојде опозицијата до реализација на својот предлог вклучувајќи ги сегашните уставно поставени параметри каде што на крајот Советот на обвинители го верификува изборот на самиот тој обвинител, изјави Заев.

Нагласи дека колку и да прифатат, сепак, не може да дозволат да се поминат црвените линии.

– Не смееме да дозволивме да се загрозат предметите и иднината на предметите, што исто така е многу важно или пак да донесеме законско решение кое ќе биде на штета на предметите кои веќе се обезбедени. Ако треба да донесеме закон, тоа треба уште повеќе да ја гарантира иднината на предметите, овие и на било кои други предмети во државата. Ако донесеме закон што ќе го уназади гарантирањето на иднината на предметите, тогаш навистина не ни треба, истакна Заев, одговараќи на новинарски прашања по завршување на прес-конференцијата за промоција на мерката за субвенции за инвертер клими за домаќинствата во Скопје, Тетово, Битола и Кичево.

Би можело да ве интересира

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ, покажуваат бројките на партијата

ОЈО: Изборниот ден помина генерално без поголеми нарушувања на гласањето и пријави за изборни инциденти

(ВИДЕО) Кузеска од СДСМ: Имавме фер и демократски избори, граѓаните покажаа зрелост

Орце Костов

Филипче: На 8 мај гласајте за напредок, стабилност и за европска иднина на државата