СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ кулминира во безидејност и лажни вести

Од:

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ја докажува својата безидејност која кулминира со ширење на лажни вести. Крајно несериoзно е ВМРО-ДПМНЕ која е симбол за партизирање на сите институции да зборува за ваков негативен феномен, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Времето кога државните институции беа партиски подружници заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

Софтверскиот систем на Министерството за информатичко општество и администрација е набавен во 2014 година за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и истиот чини околу 2.000.000 евра.

Но, според официјалните информации од Министерството за информатичко општество и администрација, за истиот систем не е набавен Изворниот код на софтверската апликација со што истата апликација не е функционална бидејќи Носителот на набавката-фирмата е носител на кодот, а не Министерството.

Исто така, Министерството, денес, троши повеќе од 2 пати помалку средства за модернизација на системот, од тоа што ВМРО-ДПМНЕ го трошеше додека беше на власт.

Целиот период на владеење на ВМРО-ДПМНЕ во областа на информатичкото општество се карактеризира со спроведување на скапи, необмислени проекти, без претходно направена анализа за користење, поддршка и потреба, најавувани како технолошко-општествени дострели, а скапо платени со огромни суми пари од граѓаните.

Откако СДСМ е на власт, иако нема законска обврска, Министерството за информатичко оштество и администрација ги објавува и бројот на вработени и бројот на вработени преку агенции за привремени вработувања.

За ВМРО ДПМНЕ бројот на вработени во јавната администрација беше државна тајна.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ не сака ниту сега, ниту кога и да е, ниту има потреба да сокрива било што.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

Филипче: СДСМ ја постави борбата против родово-базираното насилство како државен приоритет

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Радеска: Владата на Христијан Мицкоски ги остави мајките и новороденчињата без основната сигурност што им следува по закон

Дали во штабот на СДС се изгасија светлата?

Предраг Петровиќ

СДСМ: Муцунски, Ѓорѓиевски и Љутков го заглавија проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“

СДСМ: Им дадоа ваучери на младите студенти, па им ги поништија

(ВИДЕО) Филипче: Груевски од Будимпешта го контролира ВМРО-ДПМНЕ

А1он