(ВИДЕО) Костадинов: Мицкоски ангажира советник кој навредува пратеници, оправдува насилство и брани насилници од 27 април

Од:

Додека целата држава беше вознемирена од нападот на Собранието на 27 април, советникот на Мицкоски и син на Саво Климовски, Александар Климовски, јавно ги бранеше насилниците кои упаднаа во Собранието, рече Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ, на денешната прес-конференција.

„Во директен пренос, додека насилството се уште траеше, Климовски во телевизиско гостување поттикнуваше насилство и ги навредуваше пратениците на СДСМ и коалицијата.

Додека имаше обид за терористичко загрозување на уставниот поредок, Климовски ги нарече пратениците на СДСМ „малоумни“ со „малоумна реакција“.

Додека физички беа напаѓани пратеници, новинари и вработени во Собранието, Климовски го нарече претседателот Заев, „политички аматер“ за кого треба цитирам: „одредена терапија и соодветна дијагноза за тој човек“.

Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ. Христијан Мицкоски цврсто гази по стапките на неговиот ментор Никола Груевски.

Со вакви соработници, Мицкоски не може да понуди ништо освен обнова на режимот, обнова на криминалот, насилството и поделбите.

Луѓето околу Мицкоски не се ниту нови, ниту професионални. Тоа се луѓе кои во минатото многупати промовирале насилство, поделби и деструкции.

Додека граѓаните, државата се движат на прав пат, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ остануваат на кривиот пат на Груевски полн со насилство, омраза, поделби и нејазнивост.“, наведе Костадинов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Без силен член 353, тендерската коалиција ВМРО-ЗНАМ сака слободно да ги дели државните пари на свои фирми

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

(ВИДЕО) Кузеска: Владата на Мицкоски и ВМРО нема решенија ниту одговори на проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Имотот стекнат со криминал мора да се конфискува без разлика кога е украден

Горан Наумовски

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски