Тројца полицајци се здобиле со полесни повреди при експлозија на бомба во Северна Ирска, соопшти локалната полиција.
Експлозивната направа била активирана додека полицајците патролирале во близина на еден пат во северниот дел на Белфаст.
Портпарол на полицијата го оцени бомбашкиот напад како обид за убиство.
Висок полициски службеник истакна дека е вистинска среќа што во инцидентот нема загинати, ниту тешко повредени.