А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ОЈО Скопје отвори истрага против скопјанец за недозволено поседување оружје и марихуана

by А1он07/10/2019 - 14:16241
Share0

Против 25-годишен скопјанец е отворена истражна постапка поради постоење на основано сомнение дека сторил кривични дела – недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи и неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Следете a1on на Instagram Instagram

Како што соопшти Обвинителството, на 4 октомври во домот во кој престојувало лицето бил пронајден еден пиштол Застава М88, една рамка со осум куршуми за тој пиштол, една кутија со 25 куршуми од непозната марка и калибар, 17 куршуми долго зрно од непозната марка и калибар, една празна рамка за пиштол, како и еден ловен карабин марка „Црвена застава“.

Дополнително, при претресот било утврдено дека осомничениот во домот неовластено заради продажба држел опојна дрога – марихуана со нето маса од 24,54 грама, како и исушени искршени гранчиња од марихуана со нето маса од 24,32 грама.

Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и кои го оправдуваат стравот дека осомничениот би можел да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.

Следете a1on на Youtube YouTube
drogahronika

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Предраг Петровиќ07/11/2026 - 13:19

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Катерина Ѓуровски05/11/2026 - 10:53

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски04/11/2026 - 14:4204/11/2026 - 14:43

Две тела и опожарено возило кај Богданци

Катерина Ѓуровски04/11/2026 - 13:1804/11/2026 - 14:42

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

Катерина Ѓуровски04/11/2026 - 12:36

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват

Горан Наумовски03/11/2026 - 08:56
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео