Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија бара да биде вклучена во преговорите за најавените промени на Изборниот законик.
Во денешното соопштение тие наведуваат дека ќе се залагаат за намалување на бројот на пратеници, за застапеност на лицата со посебни потреби на листите, за рамноправна застапеност на мажите и жените и да се изнајде решение со кое ќе се гарантира застапеноста на помалите етнички заедници.
– Ќе бидеме конструктивни партнери во преговорите и ќе ја застапуваме нашата заложба за поголема демократија во начинот на избор на пратеници што ќе допринесе за разноликост, инвентивност и можност за презентација на различни ставови. Концептот за отворени листи е добра почетна основа за која треба дополнително да се разговара, се вели во соопштението.