Во четврток во Нови Сад трилатерален состанок Вучиќ – Заев – Рама

Од:

Во четврток, на 10 октомври во Нови Сад, ќе се одржи трилатерален состанок меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерите на Северна Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, соопштија од Кабинетот на српскиот претседател.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, состанокот ќе се одржи во Офицерскиот павиљон на Петроварадинската тврдина.

Претседателот на Србија Вучиќ, претходно најави дека со премиерите на Северна Македонија и Албанија ќе разговара за отстранување на бариерите за слободен проток на стоки и услуги меѓу трите земји.

Тој притоа оцени дека станува збор за „епохална идеја“ која добила „целосен консензус“ од премиерите на Северна Македонија и Албанија.

-Сфативме дека поединечно сме мали и слаби, но ако се обединиме во однос на економските слободи, ако излеземе како блок кон Европската Унија и другите, верувам дека нашата сила ќе биде неспоредливо поголема. Сакаме поцврсто економски да се поврземе, со што драматично би го зголемиле нивото на инвестирање, такво опкружување каде би имале целосна слобода на движењето, сообраќајот и услугите, сето ова би не подигнало и за тоа наидов на целосна отвореност на Заев и Рама, кажа претседателот на Србија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсен и таткото на 17-годишникот кој пукаше во училиште во Крагуевац

ВИДЕО: Матуранот кој пукаше во училиштето во Крагуевац ја зел пушката од татко му, пред пукањето објавил фотографија со оружјето

ВИДЕО: Пукање во училиште во Крагуевац, има повредени

Катерина Ѓуровски

Седумка на „Лото“ падна во Ниш – среќниот добитник побогат за 3.400.000 евра

А1он

Обвинителството бара притвор за шестмина осомничени поради закани кон Бранкица Станковиќ

Кој е Александар Чупиќ: Претседател на Народното собрание и вршител на должноста претседател на Србија

Горан Наумовски