ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема капацитет да ја води државата

Од:

„СДСМ е на прав пат за во опозиција. Македонија со СДСМ е тргната по погрешен пат. СДСМ нема капацитет да ја води државата.

Неспобноста на СДСМ се гледа и во првите соработници на Зоран Заев.

Додека во тимот на Зоран Заев се луѓе со криминално минато како Силвио и Сокол, во тимот на Христијан Мицкоски е Борко Ристовски кој на Македонија и има донесено многу гордост, радост и пријатни мигови. Спортист кој го раширил името Македонија низ цела Европа“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека во владата со Заев се рекетарите Филипче и Дончев, со Христијам Мицкоски е професорот д-р Сашко Кедев, врвен кардиохирург, кој е и дописен член на МАНУ и визитинг професор на Универзитет во Северна Каролина.

Неспоредливо е да се компарираат Љубе Бошкоски или било кој друг член на тимот на Заев, како Алекс Ружин, Зорица Апостолоска и слични со професорот д-р. Гоце Андреевски, кој своето образование го стекнал во САД и Канада, а моменталтно е визитинг професор на Универзитетот Квинс во Канада.

Неспоредлив е тимот на Заев со тимот на Мицкоски. Заев е опкружен со криминалци, рекетари и подмитувачи, каков што и самиот е. Мицкоски е опкружен со професори, експерти, стручни луѓе, како што и самиот е. Јасна е разликата. Заев и СДСМ заминуваат во историјата“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Филипче: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава во која младите ќе сакаат да останат

(ВИДЕО) Кузеска: Јанушев е дел од системот на Мицкоски во кој и возачи земаат мито

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената кризи

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

СДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција е повикан наш советник за објава на Фејсбук