Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон изјавил дека неговиот клуб ќе го продолжи договорот со Вејн Руни.
Руни не беше во стартниот тим во реванш натпреварот од осминафиналето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид, па поради тоа медиумите шпекулираа дека е во конфликт со тренерот и дека можеби ќе го напушти „Олд Трафорд“ на крајот од сезоната.
Фергусон изјави дека на дваесет и седумгодишниот Руни ќе му биде понуден нов договор и тоа пред истекот на актуелниот кој важи до крајот на сезоната 2014/15.
Фергусон потенцираше дека не постои проблем со договорот кој ќе биде повторно склопен кога тоа ќе биде потребно и додаде дека клубот не сака да му заминуваат фудбалери.