На уличната трка Skopje Run 10K која денеска се одржа во главниот град, во машка категорија прв заврши Дарио Ивановски со време од 31:07 минути, втор беше Милош Ранчиќ со 33:44 минути, а трет Атанас Анчевски со резултат 33:49 минути.
Во женска конкуренција, десет километри прва претрча Теодора Симовиќ со време од 34:59 минути, второто место го зеде Андријана Поп Арсова со 37:02 минути, а третото место и припадна на Билјана Кираџиева чие време изнесува 37:59 минути.
На трката се срушени и два државни рекорда, односно машкиот и женскиот државен рекорд во 10 километри на улична трка.
Од штафетната трка најдобри беа Game On со 36:34 минути, по нив NRC-NIKE+RUN CLUB со 37:55 минути и трети завршија 3P DEVELOPMENT со 38:01 минути.
Сите учесници по трката може да ги симнат своите фотографии на следниов линк преку специјалната апликација Pic2Go.
Оваа е трета година по ред како Skopje Run 10K успева во својата клучна цел, да го промовира спортот и спортувањето во Скопје и Македонија. Годинава на настанот учествуваа околу 2.000 тркачи.