Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) официјално го одобри календарот за сезоната 2020 во Формула 1. За прв пат во историјата, првенството ќе се состои од 22 трки. Германското гран-при е елиминирано, но ќе има две нови трки – Холандија и Виетнам.
Кампањата ќе започне со традиционалното австралиско Гран-при на 15 март, а ќе заврши во Абу Даби на 29 ноември. Сезоната ќе вклучува седум случаи на трки, во последователни викенди. Виетнам ќе биде домаќин на трката во Формула 1 на улиците на Ханој за прв пат на 5 април, додека холандското Гран-при ќе се врати на календарот по 35-годишно отсуство со трка во Зандворт на 3 мај.
Гран-при на Азербејџан, што се одржува на крајот на април годинава, ќе биде преместено на 7 јуни, додека Шпанското Гран-при ќе се одржи на 10 мај.
Календар за сезоната 2020:
15 март – Австралија
22 март – Бахреин
5 април – Виетнам
19 април – Кина
3 мај – Холандија
10 мај – Шпанија
24 мај – Монако
7 јуни – Азербејџан
14 јуни – Канада
28 јуни – Франција
5 јули – Австрија
19 јули – Велика Британија
2 август – Унгарија
30 август – Белгија
6 септември – Италија
20 септември – Сингапур
27 септември – Русија
11 октомври – Јапонија
25 октомври – САД
1 ноември – Мексико
15 ноември – Бразил
29 ноември – Абу Даби.