Апелациониот суд в понеделник на 4 ноември ќе одлучува за затворската казна на ексшефот на тајната полиција Сашо Мијалков и останатите обвинети во предметот „Титаник 2“, дознава „А1он“.
Судија известител за предметот е Тања Милева. Во првостепената пресудата за предметот „Титаник 2“ изречена во март годинава, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, беше осуден на 3 години затвор, лидерот на ДПА, Мендух Тачи, на 3 години и 2 месеци, поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, на 4 години и 6 месеци, Влатко Сајковски, Сашо Срцев и Елизабета Стефановска на 3 години затвор.
Судот го прифати барањето на СЈО и по изрекувањето на пресудата им определи притвор на Сашо Мијалков и на Бедредин Ибраими, а останатите четворица осудени добија мерки за претпазливост. Мијалков и Ибраими излегоа од притвор бидејќи станува збор за скратена постапка.