(ВИДЕО) Кузмановска: Исполнето е ветувањето за укинување на квотите за лекови

Од:

„СДСМ продолжува со реализација на мерките од „Планот за живот“ кои обезбедуваат подобри услови и подобар живот за сите граѓани. Го исполнивме ветувањето за укинување на квотите за лековите на рецепт, решивме деценски проблем.

Граѓаните веќе не мора да се грижат дали ќе можат да го подигнат соодветниот лек, бидејќи со оваа мерка можат да го подигнат лекот во која било аптека, кој било ден од месецот“, рече Катерина Кузмановска, пратеничка од СДСМ и коалицијата.

„Укинувањето на квотите за лековите на рецепт директно влијае да се намалат турканиците кај матичните лекари и аптеките на почетокот на секој месец.

Преку оваа мерка се зголемуваат контролните механизми при издавањето на лековите од позитивната листа на Фондот за здравствено осигурување и се елиминира можноста од злоупотреби преку издавање на фиктивни рецепти.

СДСМ со конкретни мерки и реформи ја зголемува грижата за пациентите и го враќа достоинството на здравствените работници.

Од минатата година па до денес, покачена е платата за 10% на медицинските сестри и 15% на докторите специјалисти.

Со ребалансот на буџетот, од 1 септември ги зголемуваме платите во здравството за дополнителни 5%.

Остануваме посветени да го реализираме нашето ветување, до крајот на мандатот, платата на лекарите специјалисти да изнесува 100 илјади денари.

Како одговорна партија, СДСМ продолжува со спроведување на мерките и политиките што го унапредуваат здравствениот систем и грижата за сите граѓани“, изјави Катерина Кузмановска, пратеничка од СДСМ и коалицијата.

Би можело да ве интересира

Филипче: СДСМ ја постави борбата против родово-базираното насилство како државен приоритет

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Радеска: Владата на Христијан Мицкоски ги остави мајките и новороденчињата без основната сигурност што им следува по закон

Дали во штабот на СДС се изгасија светлата?

Предраг Петровиќ

СДСМ: Муцунски, Ѓорѓиевски и Љутков го заглавија проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“

СДСМ: Им дадоа ваучери на младите студенти, па им ги поништија

(ВИДЕО) Филипче: Груевски од Будимпешта го контролира ВМРО-ДПМНЕ

А1он