Фудбалерите на Манчестер Сити убедливо ја совладаа екипата на Барнсли на „Етихад“ со резултат 5:0 во рамките од четвртфиналето од ФА Купот и на тој начин се пласираа во полуфналето од ова натпреварување.
Од самиот старт домаќините покажаа дека се големи фаворити во овој дуел и веќе во 11. минута стигнаа до предност. Туре биеше од работ на шеснаесетникот, неговиот удар успеја да го скроти голманот на гостите, но топката стигна до Карлос Тевез кој погоди за 1:0.
Во 27. минута Сити после една извонредна акција стигна до вториот погодок. На асистенција на Тевез, Коларов лесно го матираше голманот на на Барнсли и му донесе водство на својот тим од 2:0.
Само четири минути подоцна, одлична акција на Давид Силва кој на крајот го вработи Тевез, а овој постигна погодок за убедливи 3:0. До крајот на полувремето немаше промена на резултатот па на одмор се замина со голема предност за „граѓаните“.
Само пет минути игра во вториот дел му беа потребни на Тевез да стигне до уште еден погодок на овој натпревар. Овој пат асистент беше Самир Насри.
Во 65. минута од натпреварот голманот Стил по пети пат мораше да ја вади топката од сопствената мрежа. Тевез упати удар, голманот на Барнсли успеја да го одбрани, а Давид Силва се најде на вистинското место и погоди за 5:0.
До крајот на натпреварот Манчестер Сити имаше уште неколку изгледни прилики, но резултатот остана непроменет и натпреварот заврши со голема победа за домаќините од 5:0.