„Хемофарм“ го повлекува лекот „Ранитидин“ поради појава на нечистотија што може да биде штетна за здравјето

Од:

Српската компанија за лекови Хемофарм денеска објави дека „поради предострожност и со цел заштита на јавното здравје“ донеле одлука „доброволно и превентивно“ повлекување на сите серии на лекот „Ранитидин“ од пазарот, откако Европската агенција за лекови предупреди дека се пронајдени нечистотии во супстанцата на лекот Ранитидин хидрохлорид – со назив Н-нитрозодиметиламин (НДМА).

Во документот од Европската агенција за лекови се изразува сомнеж за можниот штетен ефект на количината на нечистотии НДМА откриена врз здравјето на луѓето, „која ќе биде потврдена или побиена во последователните тестови“.

„Европската агенција за лекови, во тесна соработка со националните агенции за лекови, ќе ги провери сите готови лекови што содржат активна супстанција ранитидин хидрохлорид од различни производители. Контролата е почната на 12 септември…Наодот ќе го почитува и Хемофарм, кој работи во согласност со европските принципи“, се вели во соопштението од српската компанија за лекови.

Би можело да ве интересира

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари