Советникот на Ред Бул и поранешен шеф на Себастијан Фетел од неговите шампионски денови, д-р Хелмут Марко, смета дека тој нема иднина во Ферари.
Иако во моментов „Скудерија“ го има најбрзиот автомобил, наместо да победуваат, самите Италијанци се „саботираат“ со сомнителни тимски нарачки.
Во Сочи, Леклер му помогна на Фетел во почетокот, за да ја предводи колоната, паѓајќи до третата позиција. Подоцна се покажа дека имало договор Себастијан да ја врати позицијата на Шарл, но Германецот поведе со добро темпо и одби да го стори тоа.
На крајот, Фетел испадна од трката, а Леклер заврши на третото место.
– Нема причина Ферари да се меша на ваков начин. Вие можете да им наштетите на сопствените пилоти само ако им дадете такви наредби“, изјави коментаторот Кристијан Данер за „РТЛ“.
Хелмут Марко, пак рече: „Ферари не беше во можност да победи со најбрзиот автомобил. И покрај тоа што Фетел беше најбрзиот, тие го жртвуваа. Тој нема иднина во Ферари“.