Хелсиншки: Условите во затворите во земјава видно подобрени, но и со стари проблеми

Од:

Намалување на пренатрупаноста во затворите, отвореност и слободен пристап во објектите на казнено-поправните домови од страна на НВО и медиумите, уривањето на озогласеното одделение „Школарци“ во КПУ Идризово, покажува извештајот за состојбата за условите во Казнено-поправните домови спроведен од Хелсиншкиот комитет за човекови права во рамките на проектот „Живот зад решетки“ поддржан од Амбасадата на САД во Северна Македонија.

Претседателката на Хелсиншкиот комитет Уранија Пировска рече дека иако има видно подобрување во однос на условите во затворите сепак се уште има проблеми во затвореното оделение во „Идризово“ во кое се наоѓаат најголем број затвореници, меѓу кои има и осудени на доживотен затвор.

-Има најава од Управата за извршување на санкции дека и тоа одделение ќе биде урнато, а затворениците ќе бидат трансверирани. Проблемите кои опстојуваат се субстандарните услови во затворените одделенија во „Идризово“ и во машкото и во женското одделение, истакна Пировска.

Според извештајот, вели таа, пренатрупаноста и рецидивите најмногу се должат на тоа што осудените лица ниту работно се оспособуваат, ниту пак посетуваат образование. Пировска појаснува дека не се води сметка и за сместувањето на затворениците, односно дека е потребно сместување според кривичните дела.

-Пренатрупаноста може да ни се повтори поради проста причина што се уште сме сведоци на тоа што судовите многу ретко одлучуваат да применат алтернативни мерки. Тоа го нотираме последните осум години, рече Пировска.

Проект кординаторот во Хелсиншкиот комитет во Скопје, Сибел Амет истакна дека во затворите постои проблемот со здравствената заштите која се пружа на затворениците. Според неа, проблемот е недоволната комуникација меѓу министерствата за правда и здравство.

-Наидовме на ситуација каде што нема доволно лекарства, каде што добар дел од затворите немаат постојан затворски лекар. Од тие причини најчесто се случува лицата да бидат упатувани прекасно надвор од установата за да добијат соодветна здравствена заштита, што директно влијае врз нивната здравствена состојба. Ние предлагаме координирано преземање на законската обврска на Министерството за здравство за пружање на здравствена заштита на лицата лишени од слобода, рече Амет.

Од Хелсиншкиот комитет посочија и на лошите услови на затворските работници за кои, како што рекоа, имаат смешни плати, а најголемиот дел од животот го поминуваат во казнено-поправна установа.

Пировска имаше забелешка и на назначувањето на раководните лица во КПУ, за кои рече дека треба да се лица кои имаат работно искуство во затворите.- Во континуитет ни се случува да се избираат директори на затвори кои што немаат поим за тоа што значи затвор и со каква популација треба да се соочат и да работат, рече Пировска.

Истражувањето на Хелсиншкиот комитет е спроведено во периодот од февруари до септември во 10 од 11 казнено-поправни домови. Спроведено е според методологија која се базира врз основа на постоечки меѓународни стандарди во поглед на заштитата на човековите права на лицата лишени од слобода.

Би можело да ве интересира

Во Идризово почина затвореник од Кичевско

А1он

(ВИДЕО) Снајперисти ги убија напаѓачите во затворот во Волгоград

(ВИДЕО) Заложничка драма во Русија: Напаѓачите убија три лица, бараат хеликоптер да дојде да ги земе

Горан Наумовски

Бунт во затвор во Волгогрaд: Затворениците ги земаа вработените како заложници, најмалку еден вработен загина

Горан Наумовски

Човек помина 50 години невин во затвор: Сега добива милионска отштета

Загинаа 11 затвореници во обид за бегство од затвор на Хаити

A1on