(ВИДЕО) Костадинов: Пред една година, над 660.000 граѓани гласаа за ЕУ и НАТО, само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против

Од:

„Денеска се навршува една година од референдумот „За Европска Македонија“. Над 660.000 граѓани излегоа не реферндумот а близу 610.000 гласаа За.

Ниту една политичка опција, ниту една политичка програма досега не добила толку масовна и јасно изразена поддршка. Пред една година, граѓаните јасно и недвосмислено порачаа дека се за ЕУ и НАТО, за напредок, сигурна иднина, преку прифаќање на Договорот од Преспа.

Со својот мнозински глас, граѓаните упатија силна порака: сакаме иднина во НАТО и во Европската Унија. Пред една година, единствени против европската иднина, против ЕУ и НАТО беа Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Тие свесно избраа да не бидат дел од историската шанса“, рече Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

„До денеска, една година подоцна, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се уште работат против интересите на граѓаните и против ЕУ и НАТО. Единстено бранат криминал на поранешниот режим, заглавени во минатото на нивниот почесен и вистински претседдател, Никола Груевски.

Кочењето на реформите и напредокот не даде резултат. Една година подоцна нашата држава е светол пример во регионот и партнер на демократскиот свет. Членството во НАТО е извесно, Република Северна Македонија 30 земја членка на Алијансата.

По спроведените реформи, со право очекуваме датум и почеток на преговорите со Европската Унија. Како одговорна партија, носител на промените, продолжуваме да работиме во интерес на граѓаните, државата и нивната иднина“, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Поднесуваме нова претставка за навредите и омразата на Бранко Героски

Предраг Петровиќ

СДСМ: УЈП собира арач – фали една милијарда евра во буџетот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски