(ВИДЕО) Шутаров: Кривичните пријави против локални функционери на ВМРО-ДПМНЕ покажуваат дека партијата е заглавена во криминална матрица

Од:

Во ВМРО ДПМНЕ ништо не се менува, се уште е заглавена во истата криминална матрица. Претседаталот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци е фатен на лице место како краде вода за пиење од изворот Лукар, за наводнување на својот лозов насад во Ваташа, рече Гордан Шутаров од СДСМ на денешната прес-конференција.

„Кривична пријава е поднесена и поранешниот градоначалник на Неготино Ванчо Апостолов за злоупотреба на службената положба со што го оштетил буџетот на општината за над 7 милиони денари.

Кривични пријави поднесени се и против поранешниот директор на основното училиште „Свети Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица, како и против поранешниот ВД директор на АД Водостопанство, подружница Кумановско – Липковско поле.

Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ, од централно па до локално ниво во опозициската партија присутна е матрицата на криминал и незаконско однесување.

Денес, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски нудат само обнова на криминалот и деструкција.“, наведе Шутаров.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он