А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Лага е дека „Еленица“ добила какви било средства од Фондот за иновации и технолошки развој

by А1он27/09/2019 - 17:10357
Share0

“Нема ден а ВМРО-ДПМНЕ да не соопшти најмалку неколку лажни вести преку кои се обидува да ја манипулира јавноста.

Следете a1on на Instagram Instagram

Ништо ново од опозициската партија која во очај и безидејност секојдневно измислува и конструира непостоечки случаи.

Голема лага е дека фирмата „Еленица Струмица“ добила какви било средства од страна на Фондот за иновации и технолошки развој.“ реагираа од СДСМ на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ, преку соопштение.

„Како што јавно соопшти и Фондот, компанијата „Пауерад“ ДООЕЛ користи средства согласно Одлука за доделување на ко-финансирање донесена од Комитетот за одобрување на инвестиции на 03.12.2018 година. Пред воопшто да се донесе одлуката, од компанија е побарано и е доставена Изјава за сопственичка структура, а во истата, воопшто не фигурира споменатата фирма „Еленица Струмица“.

Следете a1on на Youtube YouTube

Истовремено, за секоја промена во сопственоста, по доставување на изјавата, а во период од 3 години по завршување на проектот, корисникот на средства има обврска да побара согласност од Фондот.

ВМРО-ДПМНЕ е научена парите да не завршуваат во стопанството, туку единствено во белиот дворец за богатење на неколкумина од врвот на партијата. Затоа ВМРО-ДПМНЕ е против зголемена поддршка кон компаниите, против отворање на нови и добро платени работни места.

Во отсуство на идеи и мерки, единстевниот начин на делување на ВМРО-ДПМНЕ се лажните вести, измислиците и конструираните случаи преку кои во белиот дворец се обидуваат да ја замајуваат јавноста.“, се наведува во реакцијата на партијата.

sdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

Катерина Ѓуровски23/06/2026 - 11:54

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Предраг Петровиќ22/06/2026 - 15:35

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Катерина Ѓуровски22/06/2026 - 11:45

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски21/06/2026 - 12:1621/06/2026 - 12:17

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

Горан Наумовски21/06/2026 - 10:43

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација

Горан Наумовски20/06/2026 - 13:23
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто