Уривањето во Охрид не започна, „Момир“ и „Ликвид“, побарале сами да се урнат

Од:

Не започна рушењето на дивитеплатформи поставени во водите на Охридското Езеро од ресторанот „Момир“ и кафе-барот „Ликвид“. Додека се изведуваа подготовките за отпочнување со градежни активности од страна на Општина Охрид, сопствениците искористувајќи го законското право побарале сами да си ги урнат дивоградбите. Од Општината ја потврдуваат информацијата и потенцираат дека контролите ќе продолжат и за време на викендов. Доколку уривањето го направеше Општината, тогаш угостителите ќе требаше да платат за градежните активности.

„Тие денес побараа сами да си ги урнат нелегално поставените платформи. Ние ќе вршиме контроли и за време на викендов. Доколку тие не започнат со уривање, тоа ќе го сториме ние“, велат од Општина Охрид за „А1он“.

Утрово, градежни работници требаше да ги отстранат дивоизградените платформи кои имаат решение за уривање, бидејќи се поставени противправно и влегуваат во езерото. По повеќе години, но, откако јавноста побара веднаш да се преземе конкретни чекори, а УНЕСКО препорача да се врати првобитниот изглед на градот, Општината втора недела урива објекти во градот.

Отстранувањето на објектите на кејот од Охридското Езеро следува откако претходно кафе-барот „Аквариус“ сами ја урнаа нивната дивоизградена платформа. радоначалникот Константин Георгиевски побара од останатите угостители кои имаат дивоградби да го следат овој пример, но никој од нив не сметаше дека летните тераси претставуваат проблем за УНЕСКО статусот на Охрид. По ова, градот се впушти во акција и веќе втора недела се руши во Охрид.

Уривањето објекти во Охрид започна минатиот петок. Во Охрид се идентификувани 1.076 дивоградби, а во заштитеното централно подрачје 409. Меѓу нив е и пицеријата и бетонската база на охридскиот советник Нефи Усеини.

Проблемот со дивоизградените објекти во Охрид е напластуван со години наназад, а последен пат нивно отстранување имаше во 2003 и 2004 година, смета градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески, кој вели дека оттогаш до денес, во Охрид не е срушено ниту едно столпче. Според него, овој проблем не може да се реши во рок од неколку дена, туку битката во справувањето со бесправно изградените градби ќе трае неколку години.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on