Челните луѓе на Манчестер Јунајтед синоќа се сретнале со управата на произведувачот на спортска опрема „Најк“ и на оваа средба говореле за продолжување на нивната соработка.
Како што наведуваат британските медиуми, добро информирани извори им пренеле дека на овој состанок се зборувало и за можното враќање на Кристијано Роналдо на „Олд Трафорд“.
„Црвените ѓаволи“ и „Најк“ сакаат со заеднички сили да го вратат португалецот во Манчестер, а популарниот произведувач на спортска опрема би обезбедил голем дел финансиски средства што би биле доволни за овој трансфер.
Резултатите од состанокот не допреле до јавноста и останува да го почекаме летниот преоден рок во кој се најавуваат голем број на мега-трансфери.