Заев: Претседателот Трамп го цени и целосно го поддржува Договорот од Преспа

Од:

Премиерот Зоран Заев на својот фејсбук-профил вечерва соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп му упатил порака дека го цени и целосно го поддржува Договорот од Преспа.

Претседателот на Владата објави фотографија со претседателот на САД, Доналд Трамп, и нивните сопруги, Зорица Заева и Меланија Трамп, од приемот што американскиот претседател го органиизраше за лидерите на земјите што учествуваат на 74-тото Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

– Чест и задоволство ни беше со Зорица да присуствуваме на приемот организиран од претседателот Трамп и првата дама Меланија, во Њујорк, за време на Генералното собрание на ОН. Претседателот ни упати порака дека го цени и целосно го поддржува Договорот од Преспа. Чест е да се добие ваква поддршка од врвен лидер и креатор на глобални договори, напиша Заев на Фејсбук.

Премиерот денеска имаше средба и со генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш.

Би можело да ве интересира

МВР го расчисти денешното убиство во Охрид, уапсен 53 годишен жител на Брвеница

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ

Трамп: Тврдењата дека Моџтаба е хомосексуалец е лош почеток за иранското раководство

Рубио: Напредокот во контактите со Иран – Ормутскиот теснец e многу важен

САД потврдија дека користат беспилотни бродови против Иран