Грција се залага за вклучување на Косово во Европската унија, за поголема соработка со Приштина, иако Атина за разлика од голем број држави во ЕУ не ја призна независноста на Косово.
-Во ЕУ постојат различни мислења за статусот на Косово, но сите се согласуваат дека Западен Балкан има перспектива во ЕУ – изјави министерот за надворешни работи на Грција, Димитрис Аврамопулос.
По разговорот со министерот за надворешни работи на Косово, Енвер Хоџа, Аврамопулос во Атина изјави дека Косово треба да работи за да ги задоволи критериумите и да ги оствари неопходните реформи, кои ги бара ЕУ.
Аврамопулост изјави дека Грција сака стабилност, мир и развој во Југоисточна Европа, што може да се постигне низ економската соработка.
Тој најави отворање на Трговско претставништво на Косово, поради заслување на соработката.
-Канцеларијата нема да го смени ставот на Грција за статусот на Косово, туку тоа е порака за развој, алатка за мир – изјави грчкиот министер.
Елена Георгиевска