Земјотрес со јачина од шест степени ноќеска е регистриран во близина на брегот на Порторико.
Нема извештаи за жртви или материјална штета.
Американскиот геолошки институт соопшти дека земјотресот бил на околу 80 километри од северозападниот брег на Порторико, на мала длабочина од околу 10 километри.
Земјотресот, проследен со два помали потреси, се почувствувал на западниот брег на САД.