Куновска: Ветувам полова рамноправност во Карпош

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Карпош од коалицијата „За подобра Македонија“ Јагнула Куновска вечерва одржа мини митинг на игралиштето во скопската населба Влае.

Таа во обраќањето пред присутните рече дека во програмата на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори во Карпош, има 117 проекти од кои повеќе од 30 се големи капитални инвестиции. Посочи дека приоритет и е економскиот подем на општината, а потоа културниот, спортскиот и здравствениот.

Ветувам, истакна таа, дека со отворањето на новата индустриска и економска зона ќе отворам нови работни места, а со тоа ќе се подобрат и животите на многу семејства, семејства од Карпош.

Ве повикувам масовно да излезете на избори на 24 март, за мене и моите советници, бидејќи само со мнозинство советници никој нема да може да ги блокира нашите предвидени проекти. Кога ќе бидам градоначалник на Карпош нема да има дискриминација, нема да бидат вработени пет мажи и една жена, сите ќе бидат еднакви. Како иден градоначалник на Карпош Ви ветувам дека ќе се заложувам за рамноправност. Во сите жени јас гледам мои идни соработници, додаде Куновска.

На денешниот мини митинг, свои обраќања имаа и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, носителите на советничките листи на Карпош и Скопје од коалицијата „За подобра Македонија“, Сашо Лазаровски и Владо Поповски, како и претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ – Карпош, Синиша Спасов.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Истрагата откри: Стојанче Јовановски цели седум години ја тепаше, малтретираше и ја понижуваше сега покојната Ивана

Горан Наумовски