Палестина: Одлуката за прекин на снабдувањето на електрична енергија е „колективна казна“

Од:

Палестинските власти го обвинија Израел за изрекување „колективна казна“ на Палестинците поради одлуката на израелската електрична компанија да го намали снабдувањето со електрична енергија на делови од Западниот Брег заради долговите.

Тие соопштија дека нивните претставници контактирале со неколку меѓународни партии за да се жалат на одлуката за прекинување на снабдувањето со електрична енергија на палестинските заедници во Западниот Брег.

Претставник на Палестина предупреди дека израелскиот потег ќе има негативно влијание врз многу Палестинци, како и во здравството, образованието и економскиот сектор.

Земјата исто така, планира да преземе казнени мерки против Палестинците, кои не ги платиле сметките на компанијата за електрична енергија во арапскиот Ерусалим и оние кои се вклучени во кражба на електрична енергија, рече официјалниот претставник.

Израелската компанија за електрична енергија (ИЕЦ) започна да ја прекинува електричната енергија на некои делови на Западниот Брег со цел да изврши притисок врз Палестина да го плати долгот.

Пред две недели ИЕЦ ги извести премиерот, министрите за финансии и енергетика, Електростопанството и координаторот на владините активности на териториите (ЦОГАТ) дека, заради долгот има намера да спроведе постапка за отсекување.

Шефот на палестинскиот орган за енергетика и природни ресурси (ПЕНРА), Тафер Милхем, ја осуди израелската одлука како „уцена“ на владата на Палестина.

Би можело да ве интересира

Америка ја прекина испораката на бомби во Израел

ВИДЕО: Израел презеде контрола над преминот Рафа

ОН наскоро ќе гласаат за можноста за меѓународно признавање на Палестина

Катерина Ѓуровски

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Си Џинпинг: Кина го поддржува полноправното членство на Палестина во Обединетите нации

Нетанјаху и забрани на Ал Џезира да емитува програма во Израел