ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ делеше рози во Куманово

Од:

На Градскиот плоштад во Куманово, подмладокот на ВМРО – ДПМНЕ и кандидатот за градоначалник, Зоран Ѓеорѓиевски делеа рози на жените, случајни минувачи, по повод Денот на жената.

Оваа акција младите на ВМРО-ДПМНЕ ја организараат веќе четири години наназад.

Со ова сакаме да го честитаме празникот на жената 8-ми март. На сите мајки, баби, жени, на кои што треба да им се обрне внимание не само овој ден, туку и останатите денови во текот на годината. Оваа акција е подржана од повеќе членови од УМС – изјави претседател на УМС на ВМРО – ДПМНЕ Куманово, Срѓан Ивановски.

dpmn kumanov (1)

Кандидатот за градоначалник Зоран Ѓеорѓиевски, смета дека ова е многу убав гест со кој ќе им се оддаде почит на припадничките на понежниот пол.

Тука сме да ја поздравиме и да ја подржиме акцијата на УМС на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово. На овој начин им даваме поддршка на младите, сепак тие се нашата иднина- изјави тој.

Елена Георгиевска

ФОТО: Facebook страната на УМС на ВМРО ДПМНЕ

Би можело да ве интересира

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он