ВИДЕО: Паника, страв, распукани згради, околу 70 повредени по двата земјотреси во Албанија

Од:

Албанската министерка за здравство, Огерта Манастирлиу ги посети повредените од денешниот земјотрес кои се хоспитализирани во болница во Тирана.


Таа информира дека ниту еден од повредените не е во сериозна состојба, јави агенцијата АТА.

Вкупно 68 лица добиле медицинска помош, од кои најмногу во Тирана и Драч.

Во болница во Тирана задржани се 21 граѓанин, а повеќето повредени се пуштени дома.

Албанија денеска ја погодија два земјотреси кои предизвикаа поголема материјална штета. Земјотресите ги почувствуваа и жителите на Македонија и Црна Гора.

Зграда во Тирана е евакуирана бидејќи по потресот се појавиле пукнатини, а делови од фасадата почнале да паѓаат. Во Драч и Тирана има оштетени куќи, а одредени домаќинства на кратко останале без електрична енергија.

Албанскиот премиер, Еди Рама, поради земјотресот ја откажа посетата за Њујорк, на годишниот состанок на Обединетите Нации.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек