Изложба на наградените карикатури на „Остен“ во изминатите 50 години

Од:

Педесет карикатури – добитници на највисоката награда на секоја од 50-те изданија на Светската галерија на карикатури „Скопје“ од 1969 до 2019 се претставени на изложбата на „Остен“ која од вчера е отворена во „Куќата на Робевци“ во Охрид и ќе трае до 3 октомври.

– Скопје, град со релативно скромни традиции во карикатурата, благодарејќи на професионалното организациско обликување на Светската галерија на карикатури од членовите на Редакцијата на македонскиот хумористично-сатиричен весник „Остен“, од 1969 година прераснува во град – Мека на светската карикатура и тоа трае веќе 50 години. За тоа се заслужни многумина: од Блаже Конески (кумот на името „Остен“), Ацо Шопов, Владо Малески, Славко Јанески, Василие Поповиќ Цицо, .., преку Дарко Марковиќ, Дукан Јелен, Владо Јоциќ, Панде Јаревски, Миле Попоски, Димитар Чудо, Ане Василевски, Глигор Костовски, Делчо Михајлов, Ѓуро Варга, Ефтим Проески, Живко Павлов, сите во своите области како работници или соработници во Редакцијата на „Остен“, … па сѐ до Мице Јанкуловски, кој од 2004 година заедно со тимот на „Остен“ успешно ја продолжува традицијата на Светската галерија на карикатури, соопшти „Остен“.

Наведува и дека и по половина век постоење ќе продолжи да создава услови за карикатуристите од цел свет да можат „да стрелаат со своите мирнодопски куршуми сочинети од елементи на политика, уметност, хумор и сатира – точно во центарот на сите сомнителни и проблематични точки на светот во кој живееме“.

Би можело да ве интересира

Во галеријата „Остен“ 53-та светска галерија на карикатури

Ана Ололовска

Доделени наградите на „Остен биенале на цртеж – Скопје 2020“

Трета изложба на Остен по повод 75 години од постоењето

Ана Ололовска

„Остен“ одбележува 75 години со две изложби од 1 до 10 октомври

Ана Ололовска

Изложба на слики, цртежи и графики од колекцијата на „Остен музејот на цртеж“

Ана Ололовска

Завршува „Остен биеналето на наградени автори 2019“ во Охрид

Ана Ололовска