Белигија блокираше речиси 53.000 тони пченка увезена од Србија и Ромунија, поради присуство на афлатоксин.
Повеќе фарми во Белгија кои кориселе храна од увезената пченка направиле додатни анализи на млекото.
Белгиската агенција за безбедност на храната, во вторник откри дека повеќе производувачи на сточна храна увезувале контаминирана пченка со потекло од Србија и Ромунија.
-Нивото на афлатоксинот во преработената сточна храна не ги надминува дозволените граници – наведе агенцијата.
Германската власт во почетокот на март ја предупреди белгијската агенција за присуството на афлатоксинот во пченката.