Остауваат уште десет дена за пријавување за третата по ред трка „Skopje Run 10K“ која ќе се одржи во недела на 6 октомври 2019 година, со почеток во 9 часот. Сите заинтересирани треба да се пријават на http://www.skopje.run или www.smartrace.club.
Орагнизаторите на агендата ставија две трки: На 10 км и штафетна трка 2 х 5 км каде двајца тркачи трчаат по 5 км и каде секој штафетен тим треба да има уникатно име, а тимовите можат да бидат мешани, машки и женски.
Стартните пакети ќе се подигаат на 4 и 5 октомври на во кугланата во А1 Арена СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. На 4 октомври (петок) подигањето на стартните пакети ќе биде од 12 до 18 часот, а на 5 октомври (сабота) од 10 до 18 часот. Потребно е да покажете документ за идентификација при подигање на стартниот пакет, соопштија од тимот на Виз Ер Скопски маратон, кој заедно со Сојуз на спортови на Скопје се организатори на настанот.
Оваа трка е влезена во календарот на Атлетската федерација на Македонија (АФМ) и Европската Атлетска Асоцијација (ЕАА).