Русија и Кина блокираа резолуција на ОН за прекин на огнот во Сирија

Од:

Советот за безбедност на Обединети нации не ја прифати резолуцијата на Белгија, Германија и Кувајт за прекин на огнот во Идлиб, бидејќи две постојани земји членки на Советот за безбедност гласаа против.

Против гласаа Русија и Кина, а „за“ резолуцијата гласаа 12 земји членки на СБ, а една се изјасни како воздржана.

Претходно, на Белгија, Германија и Кувајт до Советот за безбедност поднесоа нацрт резолуција за Идлиб, со која се повикуваат сите страни на прекин на огнот на 21 септември на пладне по сириско време. Со документот се бараше и почитување на меѓународното хуманитарно право и обезбедување на хуманитарен пристап.

Русија и Кина претставија своја верзија на резолуција со која се бара примирјето во Идлиб да почне на полноќ на 20 септември.

Постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензја соопшти дека во Идлиб ниту се воделе и не се водат никакви големи воени операции. Тој тврди дека во таа сириска провинција се почитува прекинот на огнот, кој само периодично е нарушуван.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ