„No Borders Orchestra“ вечер ќе настапи во Марибор

Од:

Ансамблот музичари од поранешна Југославија „No Borders Orchestra“ ја продолжува својата турнеја „B Matinee“. Ансамблот вечер ќе одржи концерт во салата „Унион“ во Марибор со што ќе биде затворен фестивалот „Марибор 2019“.

Се работи за проект во кој учествуваат композитори од регионот, а од нашата држава учесник е Дарија Андовска. Овој проект, чие име сугерира нови почетоци, прави сублимат на современата класична музика и клупската супкултура и ги носи на сцена свежите и исклучителни композиции на пет млади и најактуелни композитори на Балканот, селектирани од уметничкиот раководител и диригент Премил Петровиќ.

Проектот одбележува 30 години од падот на берлинскиот ѕид, што е и симболичен пад за различните жанри во музиката на балканските композитори, како и пад на новите граници кои се поставени по распадот на Југославија. Резултатот е нов и привлечен, музика и живост кои не познаваат граници.

Покрај класиците Самуел Барбер, Арво Перт и Ј.С.Бах, на програмата се Драшко Аџиќ (Србија), Давор Бранимир Винце (Хрватска), Данијел Зонтар (Босна и Херцеговина), Дринор Зимбери (Косово) и македонската композиторка Дарија Андовска.

Турнејата понатаму продолжува во куќата на уметноста Лауба во Загреб, на фестивалот „БИТЕФ“ во Белград и завршува со концерт на „Month of contemporary music“, фестивал во Берлин, во светски познатиот клуб „Бергхајн“, кој е дел од инспирацијата за проектот.

Би можело да ве интересира

Џез Фабрика фестивал Битола дел од светската мрежа на Арт фестивали

А1он

„Јон Вардар против галаксијата” викендов беше премиерно прикажан во Шпанија

Победничката на UpBeat – Best New Talent Award на фестивалот Звукот на Скопје

Битола по теркот на светските џез сцени: Национален Џез Оркестар и Мартин Ѓаконовски – Шпато со изведби посветени на Реј Браун

Предраг Петровиќ

Едукација, хуманост и забава на едно место: Вечерва прво издание на „Ајде фестивалот“ чиј покровител е Хајделберг факултет

Хајделберг Факултетот во Скопје главен покровител на првото издание на „Ајде фестивалот“ во општина Аеродром