Уапсен сибирски шаман кој тргнал да го истера ѓаволот од Путин

Од:

Сибирски шаман кој пешки тргна на долг пат до Москва за да го истера ѓаволот од претседателот Владимир Путин е уапсен од руската полиција, јавија руските медиуми.

Полицијата на Бурјатија, руска република во источен Сибир, објави дека ноќеска го уапсила шаманот Александар Габишев на автопат кај Бајкалското Езеро. Тој бил вратен во родната Јакутија, каде го бараат поради извршено злосторство, соопшти полицијата.

Александар Габишев тргна пеш низ најголемата земја во светот во март и планираше да пристигне во Москва во 2021 година. Неговата желба беше да го избрка ѓаволот од Путин, откако ќе дојде во главниот град.

Во изминатите неколку недели, мала група следбеници, убедени од неговите изјави за рускиот претседател, му се придружија на патувањето од 5.000 километри помеѓу Јакутск и Москва. За него се снимени неколку репортажи објавени на руски државни канали, по што тој имал проблеми со локалните власти.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски