Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими народниот правобранител Иџет Мемети, со кого разговараше за тековните активности на омбудсманот во функција на заштита на правата на граѓаните.
Како што соопшти Кабинетот на шефот на државата, Пендаровски ја истакнал важноста на работата на народниот правобранител преку давањето предлози, совети, сугестии во насока на промоција на човековите права, следење на состојбите со нивното почитување и укажување на потребата од нивна заштита.
На средбата, се додава во соопштението, беше посочена потребата за преземање на чекори во насока на натамошно зголемување на независноста во функционирањето на народниот правобранител, со цел оваа институција да може во полн обем да ги извршува своите надлежности, во интерес на граѓаните, стои во соопштението.