Над 115 илјади Косовци годинава ќе гласаат по прв пат

Од:

На вонредните парламентарни избори што ќе се одржат на 6 октомври во Косово своето право на глас по првпат ќе можат да го искористат повеќе од 115 илјади граѓани, јави дописникот на МИА од Приштина.

Портпаролот на Централната изборна комисја (ЦИК) на Косово, Ваљмир Елези за Радио Косово изјави дека треба да се чека да заврши сертификацијата за да се види колку од овие нови гласачи во последните две години станале полнотлетни, а колку првпат се регистрирале во централниот регистар на гласачи.

– Врз основа на прелиминарната листа на гласачи за овие избори, оваа листа содржи 115.215 имиња на гласачи повеќе одошто конечната листа на гласачи за локалните избори во 2017 година, изјави Елези.

Право на глас на локалните избори во јуни 2017 година, според официјални податоци на ЦИК, имаа 1.872.941 државјанин на Косово, додека според прелиминарната листа на ЦИК годинава тоа право го имаат нешто помалку од два милиони граѓани.

Вонредните парламентарни избори на 6 октомври во Косово ќе се одржат откако во јули годинава премиерот Рамуш Харадинај поднесе оставка на функцијата, а Собранието минатиот месец се самораспушти.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина