„Овие родители зад мене доаѓаат секој ден, и очекуваат нешто сериозно, очекуваат правна држава“. Ова по денешното рочиште го изјави адвокатката на оштетените во случајот „Монструм“, Дафинка Ивановска, по преслушувањето на 25 прислушувани материјали од СЈО.
Таа рече дека е чудно што информации за ваков крупен случај имале луѓе како Оливера Трајковска и Орце Камчев кои воопшто не се поврзани со случајот, а разговарале по телефон.
Според неа, тажно е што дел од тогашната власт договарала по телефон да се одлагаат рочишта за случајот за остварување на нивните политички цели, алудирајќи на разговорот меѓу тогашните министри Гордана Јанкулоска и Блерим Беџети, во кој Беџети бара одлагање на рочиштето за „Монструм“ пред да да го испрати барањето за екстрадиција до Косово за обвинетите во случајот, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ.
„Непримерно е власта да има влијание врз судтвото“, рече Ивановска.
Таа посочи дека во „бомбите“ нема ништо конкретно и дека нема одговор досега зошто не беа никогаш екстрадирани обвинетите за случајот. Судењето продолжува на 4-ти октомври.