ФОТО: Охридската полиција им делеше цвеќе на жените – учеснички во сообраќајот

Од:

По повод Меѓународниот празник на жената 8. март, припадници на Секторот за внатрешни работи од Охрид на припадничките на понежниот пол – учеснички во сообраќајот им подаруваше цвеќе.

– Во соработка со полициските службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај, на жените учеснички во сообраќајот, возачи или пешаци, им подаруваме цвеќе во знак на почит и во знак на наше приклучување во одбележувањето на овој ден, изјави портпаролот на СВР – Охрид Стефан Димоски.

Тој потсети дека од 40-тина илјади возачки дозволи издадени во Охрид, околу 35 проценти припаѓаат на припадничките на понежниот пол.

policajci cveke.jpg

– Жените се мошне совесни возачи и во овој момент со задовлоство го потенцирам податокот дека исклучително се придржуваат кон сообраќајните правила и прописи при нивното учество во сообраќајот, било да се возачи, било да се пешаци, додаде тој.

Тој најави дека ваквата практика ќе продолжи и во иднина, како проактивна форма на приближување на полициските служби кон граѓаните, конкретно кон целната група жени-учеснички во сообраќајот.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Поплавени подруми и гаража во охридско од поројниот дожд

Најмногу дожд во Охрид во изминатите 24 часа

Почина седумесечно бебе во болница во Охрид: Паднало од кревет во домот во Вевчани

Орце Костов

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски