Блерим Беџети не сакал да ја потпише екстрадицијата за обвинетите во „Монструм“

Од:

Ексминистерот за правда од ДУИ, Блерим Беџети, одбивал да го потпише барањето за екстрадиција за двајцата обвинети во „Монструм”, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири. Ова се слушна во прислушуваниот телефонски разговор од 14 март 2013 година, кој беше пуштен во судницата.

Во едноиполминутниот разговор меѓу Љупчо Тодоровски-Радникот и Сашо Мијалков, Тодоровски вели: „Како да му напраиме притисок на овој?” Мијалков го прашува: „Јавно кажал или не?”

Тодоровски вели дека заменичката во Правда, Билјана Бришковска Бошкоски, му ги дала документите за барањето за екстрадиција, но Беџети уште не потпишувал. Мијалков на тоа вели дека ако тоа е така, тогаш тоа е злоупотреба на функцијата.

Во друг телефонски разговор од 2013 година, Блерим Беџети на телефонаки повик и’ одговара на Јанкулоска дека барањето за екстрадиција ќе го пушти следниот ден до властите во Приштина. Јанкулоака му вели дела притисокот на јавноста е огромен и дека новинарите секој ден се интересираат за случајот.

Јанкулоска дополнително на Беџети му вели: „Сеа најдругарски збориме, може вие калкулирате и за изборите“, а Беџети и’ одговара дека е добро пред изборите да нема судско рочиште за предметот, а тој ќе го пушти барањето за екстрадиција.

„Пред да го пуштиме за Приштина, некако да се презакаже“, и’ кажува Беџети на Јанкулоска.

Во останатите разговори Јанкулоска разговара со министерот за внатрешни работи на Косово, Бајрам Беџети да му заблагодари што ги пронашле лицата кои се обвинети за „Монструм“. Сашо Мијалков пак, разговара со Драган Павловиќ Латас за да го извести дека двајцата обвинети за „Монструм“ се уапсени на Косово и дека има ексклузивна вест.

Во судот денеска беа пуштени 25 „бомби“. Следните рочишта за „Монструм” се закажни за 4 и 10 октомври. Треба да се изведат како докази над 130 илјади смс пораки, транскрипти за кои нема разговори, пи мерки и и сл. На судењето беа присутни и роднините на убиените момчиња кои очекуваат правдата да биде задоволена.

Петкратното убиство се случи на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

Во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ја укина пресудата и ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост.

По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и го застапува.

Би можело да ве интересира

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Апелација ги потврдени доживотните казни за масакрот кај Смиљковско Eзеро

Азири: Службите за лични и финансиски придобивки го организира случајот „Монструм”

А1он

Курти не одговори дали и кога Косово ќе ги испорача Исмаиловиќ и Демири, осудените во „Монструм“

Рустеми се согласил да им се намалат казните на осудените за насилствата на протестите за „Монструм“

Кристијан Ландов

Заев очекува Косово да постапи според меѓународното право и да го испорача Африм Исмаиловиќ

Жарко Настоски