Претседателот на Собранието ја прими Предлог-одлуката за основање на анкетна комисија за СЈО

Од:

Претседателот на Собранието Талат Џафери ја примил Предлог-одлуката за основање на анкетна комисија за утврдување на прекршување на законите и злоупотреби во работењето на СЈО што денеска беше доставена од ВМРО-ДПМНЕ.

Од Кабинетот на Џафери информираат дека Предлогот е пуштен во собраниска процедура и дека дополнително ќе информираат за тоа на која седница ќе биде ставена оваа Предлог-одлука за формирање анкетна комисија.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски претходно денеска информираше дека поднеле барање за основање на анкетна комисија која би се состоела од претседател и 10 члена кои треба да истражат на што се потрошиле оклолу 15 милони евра во досегашното работење на СЈО. Во анкетната комисија, како што кажа, како придружни членови или набљудувачи, би биле поканети и претставници на шведската, американската и холандската амбасада бидејќи овие три држави имаале значителен финансиски учинок и влог во буџетот на СЈО.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски