Отворен Почесен конзулат на Мексико во земјава

Од:

Во Скопје синоќа е отворен Почесен конзулат на Соединетите Мексикански Држави во земјава, а за почесен конзул, кој ќе го води Конзулатот, е именуван Енвер Малиќи.

Почесниот конзулат, како што стои во соопштението, ќе работи на унапредување на соработката меѓу двете земји и ќе иницира заеднички активности во повеќе области.

На свеченото отворање на конзултатот присуствуваше мексиканскиот амбасадор Марко Антонио Гарсија Бланко, кој рече дека неговото отворање е чекор напред во билатералните односи меѓу Мексико и Северна Македонија, кои на 4 октомври ќе одбележат 18 години од воспоставувањето дипломатски односи.

– Односите меѓу двете држави и досега беа пријателски, но отсега соработката и заедничките активности ќе се продлабочат во интерес на двата народа. Со поддршка на Енвер Малиќи како почесен конзул, убеден сум дека ќе се развијат нови области на соработка и разбирање за да се прошират и зајакнат билатералните односи со плодни резултати за обете страни, истакна амбасадорот Гарсија Бланко.

Почесниот конзул Малиќи потенцира дека иако географски далечни, двете земји споделуваат многу заеднички нешта.

– Почитта кон традицијата, силниот темперамент и борбата за човекови права и достоинство нè обединуваат. Мексиканското и македонското искуство се одлична основа за соработка и поголема размена на идеи што ќе ги зајакнат односите меѓу двата народа. Интензивирањето на соработката во различни сфери ќе биде еден од моите приоритети како почесен конзул, овде во Северна Македонија, но и во Соединетите Мексикански Држави. Современите трендови во различни области на општественото живеење и бизнисот во двете држави можат заеднички да придонесат за подобри позиции во меѓународните односи и да промовираат развој и напредок, рече Малиќи.

На отворањето на Почесниот конзулат на Мексико присуствуваа и премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието Талат Џафери, министерот за надворешни работи Никола Димитров, како и претставници на дипломатскиот кор, на деловната заедница и на повеќе институции.

Почесниот конзулат се наоѓа во комплексот „Парк резиденс“ во Скопје и ќе биде отворен секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот.

Би можело да ве интересира

Отповикани седум амбасадори со укази на претседателката Сиљановска Давкова

А1он

Засега нема македонски државјани што побарале помош или евакуација од Либан

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална

На бугарскиот амбасадор Желјаско Радов му била укажано за отстапувањето од договорениот протокол

Предраг Петровиќ

Демаршот на бугарскиот амбасадор ќе биде врачен од директорот на Директоратот одговорен за регионот, а не од министерот Муцунски

Македонската амбасадорка во Софија повикана во бугарското МНР поради изјавите на вицепремиерот Николоски