Советот на јавни обвинители денеска го стави надвор од сила решението со кое и мирува функцијата на Катица Јанева во гевгелиското јавно обвинителство, рече на денешната прес-конференција, Ацо Колевски, претседател на Советот на јавните обвинители.
Во саботата специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која во моментот е во притвор за случајот „Рекет“, беше едногласно разрешена од членовите на Советот.
Колевски по седницата изјави дека досегашните обвинители на СЈО треба да се вратат во нивните матични јавни обвинителства.
На денешната седница со одлука на Советот, специјалните обвинители се вратија во обвинителствата од каде што дошле.
Сега на потег е државниот јавен обвинител Љубомир Јовески кој треба да одлучи кому и како ќе ги прераспредели предметите на СЈО.