Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов наместо работа се занимава со крпење на улици, зад кои стои сомнеж за дебела заработка

Од:

„Петре Шилегов е две години на чело на градот Скопје и наместо градоначалник ја презема улогата на крадоначалник кој не реши ниту еден клучен проблем на скопјани.

Главен фактор зошто скопјани дишат и понатаму најзагаден воздух во Светот е неспособноста на Шилегов и Владата на Заев да преземат клучни мерки против загадувањето. Наспроти ова Владата средствата кои ги одвојува за намалување на загадувањето со ребаланс на буџетот ги скрати, а Шилегов за сето ова молчи и го одобрува.

Јавните градски претпријатија бележат загуби, а наспроти тоа за две години крадоначалникот Шилегов вработи над 1000 партиски војници на терет на скопјани“, се вели во соопштението на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

„Не отпочна ниту заврши изградба на барем еден булевар. Ветувањата на Шилегов останаа само на хартија. Шилегов вети и не оствари продолжување на булеварот Илинденска, вети и не оствари спуштена раскрсница кај Мавровка, продолжување на булеварот св „Климент Охридски“, вети и неоствари проширување на булеварот „Никола Карев“, вети и не оствари продолжување на булеварското решение на Словенечка, вети и неоствари решавање на проблемот со кучињата скитници, вети и неоствари гасификација на Скопје, вети и неоствари ревитализација и заживување на Езерото Треска, вети и неоствари нова зграда на Универзалната сала, вети и неоствари ново средно училиште „Кочо Рацин“ во Ѓорче Петров, вети и неоствари ботаничка градина во Карпош…

Крадоначалникот Шилегов наместо работа се занимава со крпење на улици, зад кои стои сомнеж за дебела заработка и провозии за компании блиски на власта.

Крадоначалникот Шилегов е срам за Скопје и скопјани. 2 години Крадоначалник Шилегов, 2 години лаги, криминал и неработа“, соопштуваат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ