Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе го додели признанието „Најдобар млад научник” за 2012 година.
Доделувањето на признанието „Најдобар млад научник” за врвни научни достигнувања, прераснува во традиционална манифестација, чија цел е поттикнување на развојот на научната и истражувачката мисла, со особен акцент на младите македонски научници до 30-годишна возраст.
За најдобар млад научник за 2011 година беше избран Трифче Сандев за истражувачка работа во полето на физиката и математичката физика, додека носител на признанието за 2010 година беше Никола Златанов за истражувачка работа во полето на безжичните телекомуникации.