(ВИДЕО) Зендели: Партиите го погребаа СЈО и надежта за еднаков правен систем

Од:

Разрешувањето на Катица Јанева подразбира и згаснување на СЈО. При формирањето на обвинителството целта беше борба против политичари од висок профил вмешани во кривични дела. Оваа цел не е остварена. Специјалното јавно обвинителство едни го критикуваа, други го подржуваа. Сега, двете страни ја погребаа ова институција, а ја погребаа и надежта кај граѓаните дека ќе има правен систем кој ќе биде еднаков за сите без привилегии. Се уште имаме проблеми со правниот систем. Ова го констетираа и меѓународни институции, рече пратеникот од БЕСА, Фадил Зендели на денешната собраниска седница за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

-Погребувањето на СЈО го гледам од друг сегмент. Политичките партии и функционери денеска ќе слават. Не се работи за тоа дали ќе функционира СЈО туку за тоа дали ќе се справиме со криминалот во земјава. Актуелната влада нема изразено посебна желба борбата против криминалот да биде на повисоко ниво, рече Зендели.

Тој обвини дека СЈО имало селективен пристап кон одредени предмети и политичари, поинаков пристап кон опозицијата и власта и со оглед на тоа смета дека денеска треба да биде разрешена специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Би можело да ве интересира

Јакимовски до Јанева: Ако е моја обврска да го плаќаме греењето, зошто тогаш министерството дава пари?

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска