СДСМ: Раст на извозот од 14.5 отсто во првите седум месеци, градиме силна и конкурентна економија

Од:

„Економските мерки и политики на Владата предводена од СДСМ даваат реални и видливи резултати.

Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, растот на извозот во првите седум месеци од годинава бележи раст од 14,5 отсто во однос на истиот период од минатата година.

Тоа значи дека довербата во економијата е вратена, а конкурентноста зголемена.

Покрај растот на извозот, во изминатиот период забележан е раст на Бруто домашниот производ од 3,1, а невработеноста е намалена на историски најниски 17,5 отсто.

Ова се само дел од економските параметри кои потврдуваат дека економијата се движи во нагорна линнија.

По години назадување и економска неизвесност денес економијата е развојна и се движи во добар правец.

Остануваме посветени на мерките што поттикнуваат економски раст и развој. Градиме силна економија што отвора па да за сите“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на осми мај, се одлучува за иднината

Горан Наумовски

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он