Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер, ќе стане технички директор на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), пренесува „Њујорк Тајмс“.
Тој ќе биде одговорен за подобрување на стандардите во тренерската професија, како и за консултации во други области на играта.
ФИФА има намера да ги пополни своите редови со познати фудбалери, откако се раздели со Марко ван Бастен и Звонимир Бобан.
Венгер си замина од Арсенал во 2018 година по 22 години во клубот. Моментално, 69-годишниот Французин е невработен.