СДСМ: Лозарите не потпаѓаат под манипулациите на фантомски здруженија блиски до ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Денеска нема протест на лозароовоштарите туку уште еден очаен и неуспешен обид на ВМРО-ДПМНЕ со нивни членови и симпатизери да ја искриви сликата за мерките што го унапредуваат земјоделството и обезбедуваат повисок животен стандард за земјоделците. Сите наследени проблеми на лозарите, оставени од ВМРО ДПМНЕ се решени, велат од СДСМ преку соопштение.

„Како една од низата мерки за поддршка на земјоделците е исплатата на околу 66,2 милиони денари или над 1 милион евра на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој кон 6.240 лозари за дополнителната субвенција од 1 денар за килограм предадено грозје во регистрираните винарски визби.

Претходно, исплатен беше долгогодишниот долг кон лозарите од Повардарието. Се исплатија 77 милиони денари на 2.048 лозари по основ на долгот што винарските визби го имаа кон лозарите за предаденото грозје во периодот од 15 август 2014 година до 15 ноември 2016 година.

Ова се дел од мерките преку кои покажуваме вистинска грижа кон лозарите и воопшто кон земјоделците. Од 1 јуни 2017 па до денес исплатени се вкупно 306,7 милиони евра кон земјоделците што ја покажува вистинската грижа за земјоделците. Поддршката за земјоделците продолжува со несмален интензитет.

Затоа, земјоделците не потпаѓаат под маниплулации на фантомски здруженија блиски до ВМРО-ДПМНЕ.“, се наведува во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски

СДСМ: Додека луѓе умираат од западнонилска треска – во Драчево организираат кино на отворено

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му