Ферари: Доаѓа моментот за Мик Шумахер во Формула 1

Од:

Шефот на Ферари, Матија Биното е задоволен од развојот на Мик Шумахер, син на легендата на „Скудерија“ и седумкратниот светски шампион – Михаел Шумахер. Биното дури изјави дека ќе дојде моментот кога тој ќе влезе во Формула 1, односно кога 20-годишниот Германец ќе биде целосно подготвен.

Оваа сезона, Мик се трка во Формула 2, последен чекор пред Формула 1, каде ја оствари и својата прва победа во Унгарија. Синот на Михаел го достигна ова ниво откако ја освои титулата во Формула 3 во 2018 година и официјално стана член на академијата за млади пилоти на Ферари.

– Мик бележи добар и методичен напредок во својата кариера. Точно тоа го очекуваме од него во последниве години. Искуството, што го стекнува во неговата прва сезона во Формула 2, е непроценливо. Кога тој ќе биде подготвен, ќе дојде моментот на Мик да влезе во Формула 1. Вложуваме многу во него затоа што сме убедени дека тој може да стане добар Ф1 пилот, сподели Биното.

Би можело да ве интересира

Хамилтон: Ме немаше. Сега се вратив

Ана Ололовска

Во Формула 1 вакцините против Ковид станаа задолжителни

А1он

Еклстоун: Нема луѓе како Раиконен во Ф1, сите станаа како роботи

Ана Ололовска

Доменикали: Се надевам на продолжување на битката Верстапен – Хамилтон, но сметам и на други тркачи

Ана Ололовска

Биното: Кој ќе биде прв возач на Ферари ќе биде одлучено на патеката

Ана Ололовска

Нико Розберг бара промени во Формула 1

А1он